More

    Макрон нема да има апсолутно мнозинство во Национално собрание, на штотуку завршените парламентарни избори во земјата

    spot_img

    Според сите први проценки на институтите за испитување на јавното мислење, францускиот претседател Емануел Макрон нема да има апсолутно мнозинство во Национално собрание, на штотуки завршените парламентарни избори во земјата.

    За првпат коалицијата што го поддржува реизбраниот претседател нема да добие апсолутно мнозинство во законодавниот дом, јави дописникот на МИА.

    Заедно! добива релативно мнозинство со 224 пратеници, Нупес – сојузот на левицата е на второ место со 149 пратенички места, според првите проценки.

    Резултатите се направени според првата проекција на пратенички места на Ипсос-Сопра-Стериа за Фрасн Телевизион, Радио Франс, Франс 24-РФИ-МЦД и ЛЦП-Национално собрание. Претседателската коалиција, собрана под знамето Заедно!, освои 224 места во Собранието. Коалицијата Национално е на второто место(154 за Републиката во Марш, 44 за МоДем, 26 за Хоризонти).

    Левичарскиот сојуз на Новата народна еколошка и социјална унија (ЀНупес) е на второ место со 149 пратеници (86 за Бутновна Франција, 28 за еколошкиот пол, 22 за Социјалистичката партија, 13 за Француската комунистичка партија).

    Националниот фронт достигна историски резултат од 89 места, според првичните проценки, што ѝ овозможува на крајнодесничарската партија да поднесе предлози за гласање на доверба на владата (од 56 пратеници) и да го свика Уставниот совет за текстови на закони (од 60 пратеници).

    Коалицијата Републиканци загуби 22 места (78 пратеници наспроти 100 во собранието во заминување).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img