More

    Макрон контра Ле Пен во бесна дебата пред вториот круг

    spot_img

    Граѓанска војна би можела да избие во Франција доколку кандидатката Марин Ле Пен го забрани носењето бурка ако стане претседателка, предупреди актуелниот претседател Емануел Макрон во жестоката ТВ-дебата синоќа, пишува Мондо. Денови пред вториот круг на изборите Макрон води пред Ле Пен со 59 спроти 39 отсто во поддршката, откако рече дека таа е „во рацете на Русија“ и дека ја користи Москва „како нејзин банкар“. Ле Монд напиша дека Ле Пен е „задушена од навредливиот Макрон“.

    За време на дебатата, Ле Пен го потврди своето придржување кон нејзината контроверзна идеја за забрана на шамијата, која ја нарече „униформа наметната од исламистите“, но рече дека таа со тоа не се „бори против исламот“.

    – Ова го кажувам на многу јасен начин: мислам дека шамијата е униформа наметната од исламистите. Мислам дека многу млади жени кои ја носат (шамијата) немаат друг избор во реалноста – изјави таа.Тогаш настапи Макрон:

    – Ова што го зборувате е многу сериозно. Ќе предизвикате граѓанска војна. Ова го велам искрено – одговори тој.

    Актуелниот претседател рече дека нема да забрани верска облека, но дека го надгледувал затворањето на бројни џамии, училишта и исламски групи, со помош на специјален тим за искоренување на сомнителните основи за ширење на радикализмот. Владата на Макрон, исто така, лани донесе контроверзен закон за борба против „сепаратизмот“, збор што се користи за да се опише мешањето на политиката со исламот, што се смета за опасно за Франција.

    Но, Ле Пен вети дека ќе направи чекор подалеку со целосна забрана на религиозна облека на јавните места, закон што ќе се спроведува како задолжителна мерка. Овој потег ќе биде огромен чекор подалеку од двата закони кои веќе се во сила, забраната за носење шамии во училниците од 2004 година и забраната за никаб што го покрива лицето на улиците од 2010 година.

    Марамите се вообичаена облека за многу муслиманки, а противењето на Ле Пен на оваа облека го вклучи и она што нејзините критичари велат дека ја прави опасна за француското единство, отуѓувајќи милиони француски муслимани.

    Ле Пен, исто така, би ја намалила имиграцијата во Франција и сака да го забрани ритуалното колење, што би го ограничило пристапот до кошер и халал месо за француските муслимани и Евреи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img