More

    Маж од Саудиска Арабија ѝ понудил брак на актерката Амбер Херд

    spot_img

    Маж од Саудиска Арабија ѝ понудил брак на актерката Амбер Херд откако таа го изгубила судскиот спор против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.

    Неименуван Саудиец ѝ испратил на Херд на официјалниот инстаграм-профил гласовна порака во која ѝ ветува на американската актерка дека ќе ѝ го исполни животот со радост и среќа.

    „Амбер, бидејќи сите врати ти се затворени, немаш кој да се грижи за тебе освен мене. Забележав дека некои луѓе те мразат и малтретираат, па решив да те венчам. Господ да нѐ благослови. Ти си благослов, но луѓето не го ценат тоа. Јас сум подобар од тој старец“, рече мажот во гласовнага порака која набрзо стана вирална и собра речиси 100.000 прегледи за околу 14 часа.

     

     

    Да потсетиме, поротата минатата недела одлучи Деп да добие повеќе од 10 милиони долари отштета откако Херд напиша напис во „Вашингтон пост“ во кој се опиша себеси како жртва на злоставување и семејно насилство.

    Самата Херд добила отштета од 2 милиони долари за коментарите на поранешниот адвокат на Деп, што значи дека на поранешниот сопруг му должи вкупно 8,35 милиони долари.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img