More

    Лондон ќе ги испита шпекулациите

    spot_img

    Велика Британија се обидува да ги потврди наводите дека руските сили употребиле хемиско оружје во нападот на украинскиот стратешки пристаништен град Мариупол, што е под опсада повеќе од еден месец, соопшти синоќа британското Министерство за надворешни работи.

    – Информациите укажуваат дека руските сили можеби употребиле хемиски агенси во нападот врз жителите на Мариупол. Работиме итно со нашите партнери за да ја потврдиме оваа информација – напиша на Твитер британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

    Таа додаде дека секоја употреба на овој вид оружје „би претставувало брутална ескалација во конфликтот и ќе го повикаме (рускиот претседател Владимир) Путин на одговорност“.

    Украинската пратеничка Ивана Климпуш вчера изјави дека Русија употребила „непозната супстанца“ во Мариупол, што предизвикало респираторни проблеми кај населението.

    – Најверојатно е хемиско оружје – објави Климпуш на Твитер.

    Додека заменик градоначалникот на Мариупол, Петро Андрјушенко на Телеграм објави дека хемиските напади не се потврдени.

    Инаку, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу кои и од опколениот град Мариупол, но само со приватни автомобили.

    Според неа пет од деветте коридори за евакуација се од областа Луганск, за што украинските власти тврдат дека е под силно гранатирање.

    – Вкупно 4.354 лица вчера беа евакуирани од украинските градови преку хуманитарните коридори – објави Верешчук на Телеграм.

    Меѓу нив има 556 лица кои вчера беа евакуирани од пристанишниот град Мариупол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img