More

    Кристијано Роналдо е подготвен да го тужи Јувентус

    spot_img

    Кристијано Роналдо е подготвен да го тужи Јувентус. Причината е што торинскиот клуб никогаш не му ги платил на Португалецот ветените 19,9 милиони евра како дел од таен договор.

    Роналдо имал таен договор со Јувентус, кој при претресите од полицијата на 23 март 2022 година бил пронајден во канцеларијата на адвокатот Федерико Рестано во Торино. Како дел од оваа зделка, Јуве сѐ уште нема исплатено на напаѓачот 19,9 милиони евра. Исплатата беше ветена дури и ако Кристијано си замине.

    Зборуваме за договор кој Јуве го склучи со некои играчи во периодот на Ковид. Тие се согласиле на намалување на платата за по некое време да си ги добијат парите.

    Да потсетиме, Роналдо во летото 2018 година потпиша 3-годишен договор со Јувентус за 31 милион евра годишно. Во август 2021 година, Португалецот го напушти клубот од Торино.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img