More

    Кој е порноактерот Рон Џереми, „ежето“ кое само си давало орален секс?

    spot_img

    Порноѕвездата Рон Џереми е прогласен за ментално неспособен да го следи сопственото судење, во процесот по вкупно 34 обвинененија за силување и сексуални злосторства извршени врз 21 жена во период од повеќе од 20 години. Судот одлучува дали да го испрати во државна болница иако му се закануват повеќе од 300 години затвор. На денешното рочиште тој не бил присутен. 

    Рон Џереми (69) е во затвор од неговото апсење во јуни 2020 година, а според обвинителството, напаѓал жени на возраст од 15 до 51 година, од 1996 до 2019 година. Порноглумецот се изјасни невин во август 2021 година, за повеќе од 30 точки од обвиненијата за сексуален напад, вклучително и 12 точки за силување, во Округот Лос Анџелес. 

    Кое е навистина „ежето“ Џереми? 

    Неговиот прекар е „Еже“, а на листата на најдобрите „50 порно ѕвезди на сите времиња“ на магазинот AVN е на прво место. Режисерот Скот Џил во 2001 година снимил документарен филм за него и неговото наследство, „Порно ѕвезда: Легендата за Рон Џереми“. 

    Рон Џереми е роден во Квинс, Њујорк во еврејско семејство. Неговиот татко, Арнолд, бил психијатар, а неговата мајка, предавач, која служела во КСУ за време на Втората светска војна, бидејќи течно зборувала германски и француски јазик. Toj е еден од најпознатите порноглумци во историјата и се појавил во повеќе од 1.700 филмови од 1979 година, кога ја почнал својата кариера. 

    Сам си давал орален секс

    Се прослави по тоа што можеше да изведува автофелацио – давајќи си орален секс, за прв пат во филмот Inside Seka, кој воедно е и негов прв филм. Тој беше прогласен и за „татко на аналната индустрија“. 

    Судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес на сослушувањето објави дека утврдил, врз основа на извештаите на обвинителите и одбраната, дека гллумецот боледува од „неизлечиво неврокогнитивно нарушување“. Адвокатот што го застапува Џереми во март 2022 година образложи дека неговиот клиент не можел да го препознае својот застапник при посета во неговата ќелија пред судско рочиште. 

    Ќе биде ли сместен во болница?

    Сослушувањето за одлуката дали порноглумецот ќе биде сместен во државна болница, ќе се одржи на 7 февруари, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител. 

    Џереми (68) се изјасни за невин, а дури минатата година кога беше уапсен, кауцијата беше одредена од 6,6 милиони долари. Во тој момент тој беше обвинет за „само“ три напади и веќе се соочуваше со доживотна казна затвор. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img