More

    Кој е министерот кој загина во хеликоптерската несреќа?

    spot_img

    Осумнаесет лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, други високи претставници на министерството и три деца, загинаа во средата наутро кога хеликоптер се урна во близина на градинка во градот Бровари, надвор од Киев, соопштија украинските власти.

    Министерот за внатрешни работи Денис Монастирски е највисокиот украински функционер кој загинал од почетокот на војната.

    Официјалната веб-страница на украинската влада открива дека 43-годишникот ја презел функцијата во јули 2021 година и работел како адвокат пред да ја започне својата политичка кариера. Би-би-си пишува дека неговата смрт ќе биде голем удар за украинските воени напори бидејќи тој беше истакната фигура во владата на претседателот Володимир Зеленски. Се сметаше за еден од симболите на напорите на Украина да се ослободи од руската агресија.

    „Службениците и екипите за итни случаи се транспортираат со хеликоптери на мала височина за да се избегнат непријателските проектили. Беше маглив ден и веројатно хеликоптерот летал на мала височина, но во оваа фаза не ја знаеме причината. И во време на војна не е корисно да се шпекулира“, објави репортерот на Би-Би-Си Џејмс Вотерхаус од теренот.

    Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко изјави дека украинскиот министер за внатрешни работи бил на пат кон „жешката точка“ на војната кога му се урнал хеликоптерот.

    Од него и од другите колеги се прости и функционерот Антон Герашченко.

    „Моите пријатели, сите што беа во тој хеликоптер, беа патриоти кои работеа да ја направат Украина посилна. Секогаш ќе те паметиме. Ќе бидат згрижени вашите семејства“, напиша на Твитер Антон Герашченко, советник на загинатиот министер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img