More

    Косовскиот премиер Курти го осуди нападот врз училиштетото во Билогоривка

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти го осуди завчерашниот напад на руските сили врз училиште во селото Билогоривка во украинската област Луганск, во кој, според тамошни извори, загинаа над 60 цивили, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Во објава преку својата официјална страница на Твитер, Курти порача дека народот на Косово, „преживувајќи го геноцидот од крајот на 20. век, се солидаризира со народот на Украина“.
    – Ужаснат од бруталниот напад врз невините цивили во училиште во селото Билогоривка во Луганск. Преживувајќи го геноцидот од крајот на 20. век и набргу по постигнувањето на ослободувањето, народот на Косово се солидаризира со народот на Украина – напиша Курти.

    Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, во бомбардирњето на училиштето во Билогоривка загинале над 60 цивили кои се засолниле таму.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img