More

    Конечно повеќе снег на повисоките места, внимателно на Стража и Пресека

    spot_img

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне.

    Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во утринските часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

    Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 12 Целзиусови степени.

    Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во повисоките делови од котлината во утринските часови можно е врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

    Во недела ќе има преодно стабилизирање на времето. Од ноќните часови кон понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, кои пообилни ќе бидат во понеделник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img