More

    Компанијата „Балкан Јутилитис“ ќе ги обезбеди потребите за гас на ЕСМ Прдажба во февруари

    spot_img

    Компанијата „Балкан Јутилитис“ ќе ги обезбеди потребите за гас на ЕСМ Прдажба во февруари, соопшти компанијата.

    Како што е соопштено, ЕСМ Продажба веќе го потпиша договор за набавка на природен гас за месец февруари 2023 за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата со фирмата Балкан Јутилитис.

    – На јавниот повик понуди доставиле само две компании. Компанијата  „Актаел“ понуди цена од 99,83 eвра/MWh, а компанијата „Балкан Јутилитис“ понуди цена на природниот гас од 98,71 евра/MWh3  – информираат од ЕСМ.

    Оттаму додаваат дека понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергенсот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа.

    – Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа- појаснуваат од ЕСМ.

    Оттаму убедуваат дека со оваа набавка во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во земјата.

    ЕСМ информираа и дека јавен повик за набавка на природен гас за месец март 2023 година ќе биде спроведен во текот на февруари.

    Компанијата „Балкан Јутилитис“ победи и на претходниот тендер за снабдување со гас за тековниов месец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img