More

    Компании кои го прикажуваат Кавадарци како лидер во индустријата

    spot_img

    Значењето на локалните економии за националниот развој, иако е од суштинска важност, сепак многу често е запоставено и не секогаш го има приматот во одржувањето на помалите градски средини и општини.

    Виталната локална економија почнувајќи од вработувањето на локалното население па сѐ до поттикнување на локалниот платен промет, полнење на општинскиот буџет, уште придонесува и кон многу инфраструктурни и есенцијални општински капацитети преку општествено одговорниот однос на компаниите.

    Кавадарци е една од најразвиените општини и пример каде што најизразено се гледа придонесот и учеството на компаниите лоцирани во оваа околина, кон развивање и економско засилување на градот. Градот има 38 000 жители и иако е познат како вински град, сепак веќе две децении металната индустрија е економски лидер, присутни се моќни странски инвестиции, но и силни домашни производни и трговски компании.

    Кавадаречката локална економија според видот на индустријата и годишниот приход и профит најмногу се полни од работата на две компании, „Еуроникел индустри“ и „ИГМ-трејд“, наречени уште и „мотори на кавадаречката економија“.

    „Еуроникел индустри“ е глобално познат преработувач на никелова руда, присутен е на сите големи пазари и извезува на европскиот, азискиот и американскиот континент. Приходите на „Еуроникел индустри“ во 2020 година биле 188,4 милиони евра, а во 2021 се зголемиле на 230 милиони евра, а со извоз вреден речиси исто колку приходи и годишен раст од над 20% претставува еден од најголемите извозници и има значаен придонес кон националната економија и директен удел од над 2% во домашниот бруто производ, што само ја потврдува важноста на оваа компанија за локалната и националната економија. Кавадаречкиот комбинат вработува над 1000 лица, а преку соработката со уште околу 200 локални компании, дополнително придонесува кон јакнењето на локалната економија. „Еуроникел индустри“ има уште и силна општествено одговорна стратегија преку која често донира во образовни и здравствени институции, како и во инфраструктурни објекти.

    „ИГМ-трејд“, исто така, е кавадаречка компанија со големо влијание врз економијата, како еден од најголемите производители на челични производи. Приходите се вреднуваат на 108,7 милиони евра, а со барањата на глобалните челични пазари, постојано генерираат работа и за други локални компании. Во „ИГМ-трејд“ се вработени повеќе 500 лица.

    „Дрекселмајер“ – една од позначајните трудо-интензивни странски инвестиции од автомобилската индустријата, лоцирана е во Кавадарци, од каде генерира приход од 59 милиони евра во 2020 година, слично како и „Алајанс уан“, чиј приход е 45,7 милиони евра. „Дрекселмајер“ вработува околу 5000 лица од Кавадарци и од околината, а „Алајанс уан“ околу 500.

    Меѓу овие тешкаши на локалниот кавадаречки развој, еднакво се присутни и македонските компании како „Слога пром“, компанија за трговија со месо чии приходи се вреднуваат на 17 милиони евра и „Кожувчанка“, компанија за производство на вода и сокови, којашто со 100 вработени и со одлична дистрибутивна мрежа остварила приходи од 11,4 милиони евра.

    Придонесот на овие компании за состојбата на локалната економија и посебно за локалниот развој е голем, но истовремено, овие локални компании исто толку придонесуваат за националната економија и врз растот на бруто домашниот производ.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img