More

    Комората предлага најмалку 3 мерки за надминување на енергетската криза

    spot_img

    Стопанската комора на Северна Македонија има изготвено мерки за надминување на проблемите на компаниите со струјата, а во понеделник ќе бара итна средба со Владата и со Регулаторната комисија за енергетика.

    Мерките, како што денеска изјави претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, главно се конципирани на зголемување на домашното производство на електрична енергија. Предлагаат да се направи сѐ што е можно во рамки на ЕСМ за да се активираат сите капацитети, вклучително и капацитетот во Неготино, да се одложат ремонтите во РЕК и да се стават во функција сите фотоволтаични капацитети.

    – Сите овие мерки се врзани за определни парични средства. Во моментот се носи ребалансот на Буџетот, а Меѓународниот монетарен фонд тактизира околу поддршката и тоа ѝ дава силен аргумент на Владата да ги одоговлекува процесите, но во моментот цениме дека нема никаков простор за откажување и во текот на следната недела Владата ќе мора да се изјасни околу ова прашање – рече Азески одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

    Оценката на Комората е дека Владата поради политичките случувања во државата доцни со мерките за надминување на енергетската криза.

    – Се обидува тоа да го направи преку зголемување на капацитетите на ЕСМ и воведување на определени заштеди, меѓутоа тоа, според нас, не е можно затоа што оценката на Македонската енергетска асоцијација е дека состојбите во ЕСМ не се такви, ниту кадровски, ниту технички, ниту логистички, за да може тоа да го постигне. Значи ако во ваква ситуација, ние бараме решение и за парното греење и за домашното производство, тоа едноставно во овој момент ЕСМ не може да го издржи. Затоа нашите барања се сконцентирани на тоа посебно да се води сметка за фирмите, незанемарувајќи ја поддршката за граѓаните – рече Азески.

    Во однос на дополнителното зголемување на основната каматна стапка, Азески рече дека Комората има конзистентен став по ова прашање односно дека треба да се води сметка за курсот, но истовремено и за состојбите во реалниот сектор.

    – Ние имаме чувство дека во изминатиот период централната банка ја протежираше само едната обврска – за зачувување на курсот не водејќи сметка за состојбите во реалниот сектор. Така можеме да се доведеме во ситуација – операцијата да биде успешна, но пациентот мртов. Значи ние инсистираме и можеме да помогнеме и да пренесеме какви се состојбите во реалниот сектор – рече Азески.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img