More

    Комисијата за верски заедници го чека последниот чин на автокефалноста

    spot_img

    Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека како надлежен државен орган за религиските прашања и односи, со особено внимание го следи понатамошниот развој на процесот на препознавањето на автокефалниот статус на Охридската архиепископија од православната екумена.

    „Официјализирањето на соборските одлуки на Српската православна црква – Пеќска патријаршија и издавањето адекватен акт предаден вчера при сослужувањето на двете сестрински цркви во храмот Св. Архангел Михаил во Белград ја заслужува нашата почит, истиот го поздравуваме и го оценуваме како важен чекор кој ја претставува зрелоста, подготвеноста и достојноста на нашата света црква за автокефално достоинство, информира Комисијата за односи со верските заедници.

    Воедно Комисијата соопшти дека тоа е чекор кој ги покажува надминатите управни прашања помеѓу двете цркви и чекор кој води кон крајната цел, посакувана од генерации и генерации наши православни верници и изразена преку едногласното барање на црквата и државата за издавање официјален томос за автокефалност од надлежната инстанца во православната екумена, Вселенската патријаршија, претставена од првопрестолниот архиереј Неговата Сесветост архиепископот на Константинопол, Новиот Рим и вселенски патријарх Вартоломеј.

    Комисијата ја нагласува важноста од очекуваното сослужување во седиштето на Вселенската патријаршија во Фанар, закажано за 12 јуни, со кое ќе се официјализира историски значајната одлука за признавање и прифаќање на Охридската архиепископија во литургиско и канонско единство, после неколкувековни искушенија за нашата древна народна црква.

    „Изразуваме радост и надеж за тековниот развој на процесот, особено го истакнуваме очекувањето во поскоро време согласно неоспорливите надлежности и права Вселенскиот патријарх да го издаде томосот за автокефалност, со целосна важност и валидност, кој ќе придонесе во заштитата и унапредувањето на соборното православие, мир и единствосе додава во соопштението на Комисијата за верски заедници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img