More

    Комеморација во чест на Ристо Стефановски ќе се одржи во Македонскиот народен театар во четврток, на 12 мај

    spot_img

    Комеморација во чест на Ристо Стефановски ќе се одржи во Македонскиот народен театар во четврток, на 12 мај, во 13:30 часот на големата сцена, при што сите пријатели, познаници и почитувачи ќе можат да му оддадат почит.Стефановски беше долгогодишен театарски работник, театролог и театарски историчар. Роден е во 1928 година, во Скопје. По завршувањето на театарската школа, студирал организација на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Одиграл 14 улоги: од Поцко во „Чорбаџи Теодос“ (1945), преку Зија во „Гоце“ (1951), Тренко во „Македонска крвава свадба“ (1953), Офицер во „Отело“ (1954), Френсис Нерс во „Вештерките од Салем“ (1955), Петров во „Оклопниот воз 14-69“ (1957), до Иван Петрович Восмибратов во „Шума“ (1959).

    Стефановски ќе остане засекогаш во аналите на Македонскиот народен театар не само како актер, но и како човек кој го раководеше театарот во неговиот значаен период од 1983 до 1988 година. Беше и директор во Драмски театар – Скопје, во период од 26 години. Дел од историјата на МНТ и воопшто на македонскиот театар е запишана од Стефановски во книгите кои се однесуваат на театарот и кои сведочат за годините наназад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img