More

    Ковачев: Ќе ги откриеме сите што имаат бугарско државјанство

    spot_img

    Сите знаеја кои се веќе „официјалните“ резултати од пописот во РСМ. 3.504 граѓани се дрзнаа да се запишат како Бугари, вака бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ги коментира официјалните резултати од пописот во Македонија.

    Тој напоменува дека повеќепати инсистирал на промена на Законот за бугарско државјанство.– Добивањето бугарско државјанство по потекло не може да биде таен чин. Сите оние кои добиле бугарско државјанство по потекло мора да бидат објавени. Вака се објавуваат во САД, Канада, Германија или Франција – додаде Ковачев и нагласи дека да си доброволно бугарски државјанин откако ќе докажеш бугарско потекло и ќе потпишеш декларација дека се чувствуваш Бугарин не е тајна или срамна работа.

    Според бугарскиот европратеник, при добивањето државјанство „потребна е церемонија или барем фотографија пред грбот и знамето“.

    – Колку долго ќе чека (бугарското) Народно собрание? – праша Ковачев, објавија бугарските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img