More

    Ковачевски открива како ќе се дојде до повисоки плати

    spot_img

    Најлесно е да се покачи платата во јавниот сектор – Синдикатот ќе побара, Владата ќе одобри, а ќе ја платат даночните обврзници, но тие даночни обврзници треба да добијат и повисоко ниво на услуга кога плаќаат за платата која е повисока, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

    – Низ разговор со синдикатите и со репрезентативниот синдикат ќе дојдеме до решение во кое ќе имаме зголемување на платите во целиот јавен сектор. Апелирам наставниците да се вратат во училиштата. Секогаш сум на нивната страна и затоа го имаме отворено дијалогот со СОНК, кој е во постојан континуитет освен тогаш кога СОНК ќе реши да штрајкува без да има завршен дијалог за кој постојат законски прописи и рокови. Уверен сум дека ќе дојдеме до решение и тоа не само до краткорочно, туку до достоинствено долгорочно решение за наставниците и за другите вработени во јавниот сектор, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по денешното означување на почетокот на градежните активности за реконструкција на салата „Партизан“ во Карпош.

    Тој порача дека заедничко решение може и ќе се најде, меѓутоа, како што нагласи, СОНК треба да биде искрен пред своите членови дека Владата уште од првиот ден е отворена за преговори и за разговори и дека преговори не се водат под уцена, туку се водат низ економско-социјалниот дијалог.

    – Ја покачивме минималната плата и постои законски рок од шест месеци за усогласување на платите. Тој рок не е истечен. СОНК без да го отвори дијалогот во рамки на тие шест месеци го започна штрајкот. Според мене, ги доведе во заблуда наставниците, рече Ковачевски.

    Тој посочи дека на вчерашната прес-конференцијата претседателот на СОНК ги образложи членовите од колективниот договор и од законот за законско исплаќање на плата во време на штрајк. Меѓутоа, потенцира премиерот, не беше искрен до крај, не ги кажа точните членови и не ги кажа докрај сите членови во однос на тие законски решенија.

    – Тоа треба да го направи. Кажавме дека ќе разговараме и тоа се заклучоци на Владата дека ќе разговараме со репрезентативниот синдикат во однос на зголемувањето на платите во јавниот сектор и во однос на воведување на нова методологија за зголемување во иднина на платите во јавниот сектор. Но, и за отворање на процес за изработка на нов закон за плати во државата со кој ќе се отстранат голем број на неконзистентности кои постојат во јавниот сектор и отворање на процес на реформи во јавниот сектор, бидејќи брои повеќе од 132 илјади вработени кои се платени од вработените во приватниот сектор и доколку се покачува платата, што треба да се направи, треба да се испорача и подобра услуга за граѓаните кои ги плаќаат тие плати, посочи Ковачевски.

    Во врска со разрешувањето на директорот на „Пошта“ Јани Макрадули, Ковачевски рече дека тоа е направено низ „меѓусебен договор помеѓу премиерот и директорот на Македонска пошта заради унапредување на работењето на претпријатието“ по што, како што нагласи, дојде до менаџерската промена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img