More

    Ковачевски: Нема потреба за формирање широка коалиција и експертска влада

    spot_img

    Нема потреба за формирање широка коалиција и експертска влада, бидејќи оваа Влада има политички легимитет и капацитет, и политички, и економски, од секој аспект да се справи со овие предизвици коишто се пред нас, изјави премиерот Димитар Ковачевски, коментирајчи ја изјавата на лидерот на ДС Павле Трајанов дека треба да се размислува за создавање широка коалиција во која ќе бидат вклучени сите политички партии.

    – Ја видов изјавата на Павле Трајанов. Тој веројатно беше мотивиран од она што јас го кажав во Собранието дека сите политички партии без разлика дали се на власт или се во опозиција треба да дадат свој максимум во оној на справувањето на државата со енергетската и со економската криза во која што се наоѓа целиот континент – рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Тој истакна дека оваа Влада од прв ден работи со предизвици и изрази увереност дека ќе успее да ја преброди и сегашната криза.

    – Ако се сетиме на 17 јануари кога беше изгласана оваа Влада, истите овие прашања ми ги поставувате, а тоа е дали ќе има затоплување на градот Скопје, бидејќи знаете тогаш на 14 јануари практично Скопје немаше затоплување. И истото се однесуваше на снабдувањето на електрична енергија. Успеавме да пребродиме непречено снабдување со храна, бидејќи нашите соседи имаа воведено е забрани за извоз на храна, а дел од нашите стратешки производи ги снабдуваме од соседството, дел извезуваме во другите соседни земји и преку директни контакти со претседателите на Србија, Албанија и на Грција успеавме да обезбедиме непречен проток на храна. Се беа тоа предизвици со кои успешно се справивме. Се справивме успешно со уште еден пик на корона вирусот. И сметам дека во наредните шест месеци ќе се справиме со енергетската криза којаш што е пред наси – изјави Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img