More

    Клоп: Би го пропуштил дербито доколку Евертон испадне

    spot_img

    Уште еден во низата тешки натпревари е пред Ливерпул, а Јирген Клоп одржа прес-конференција пред неделната средба со Евертон.

    Првото прашање пред пресметката со градските ривали за Јирген Клоп беше за назначувањето на нов тренер во Манчестер Јунајтед и дали Ерик тен Хаг ќе успее да направи пресврт на „Олд Трафорд“.

    “Немам идеа. Тие знаат што сакаат во иднина“, со голем интерес и пристапи Клоп на темата.

    А кога е во прашање клубот кој го води и играта која ја очекува неговиот тим, Клоп изјави дека никој освен Роберт Фирмин нема проблеми со повредите, додавајќи дека мора да биде внимателен бидејќи Бразилецот и покрај тоа што е подобар чувствува болка. Германецот исто така рече дека Фирмино „можеби ќе го проба во недела“.

    Клоп исто така рече дека овој пат помалку се зборувало за дербито бидејќи тоа е меч со Јунајтед:

    „Не можам да се сетам на дербито кое не ни беше важно. Не знам како ќе бевме на табелата без освоените бодови против Евертон или каде ќе бевме минатата сезона доколку не загубевме“, изјави Клоп.

    Запрашан дали на играчите им се допаѓа притисокот да се борат за повеќе трофеи, менаџерот на „црвените“ рече дека тоа е главно така, но не секогаш.

    „Ситуацијата е многу тешка и играме речиси постојано. Се разбира, ја сакаме ситуацијата во која се наоѓаме, но понекогаш не може се да се одигра. Победивме на едно натпреварување, тоа е одлично, но сеуште сме активни на три фронта. Со нетрпение очекуваме се што не чека. Не очекував да го освојам Лига Купот, да бидам во финалето на ФА Купот, да бидам на бод од првото место во лигата и полуфиналето на Лигата на шампионите. Минатата сезона милион пати мислев дека нема да стигнеме до Лигата на шампионите и цело време се надевав дека ќе ја избегнам Конференциската лига“.

    Пред новото градско дерби, Евертон е во многу тешка позиција, секој бод е важен во борбата за опстанок, но црвената страна на градот не ужива:

    „Откако сум овде, имаме два клуба од градот во лигата, тие обично зборуваат за тоа цела недела, само за тоа зборуваат луѓето и би ми недостасувал Евертон да испадне од лигата. Тоа е дерби. Секако дека би ми недостасувал“, заклучи Клоп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img