More

    Кирјакос и Џо направија шоу во Белата куќа

    spot_img

    Со сино-бела вратоврска со грчкото знаме, претседателот на САД, Џо Бајден, го пречека премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, на нивната вчерашна средба во Белата куќа, јави дописничката на МИА од Атина.

    Вратоврската не остана незабележана од Мицотакис, кој ја коментираше при пристигнувањето и му се заблагодари на Бајден, а ракувањето пред средбата беше проследено со дијалог дали Бајден на грчки е „Бајденопулос“ или „Бајденакис“.

    – Џо Бајденопулос – му рече претседателот на САД на Мицотакис, пречекувајќи го во неговата канцеларија.

    – Бајденакис! Веројатно е подобро. Мицотакис-Бајденакис – коментираше грчкиот премиер.

    „Бајденопулос“ и „Бајденакис“ беа споменати и за време на приемот по средбата, во обраќањата на двајцата лидери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img