More

    Кинески милионски град оди во карантин поради 135 инфекции со корона

    spot_img

    Кинеските власти им наредија на жителите на јужниот град Бајсе да не ги напуштаат своите домови и да го прекинат јавниот превоз, откако регистрираа 135 инфекции со коронавирус, од кои најмалку две беа предизвикани од варијантата омикрон.

    Бајсе е еден од низата кинески градови ставени под строг карантински режим, во согласност со политиката на „нулта толеранција“ на пандемијата. Овој пристап подразбира примена на строги мерки во случај на мал број нови инфекции.

    Во градот со 1.4 милиони жители, наставата е прекината, сите непотребни фирми се затворени, а наредено е масовно тестирање на жителите.

    Во рестораните може да се служат само оброци за носење, а семафорите се нон-стоп црвени за да ги потсетуваат возачите дека треба да останат дома.

    Кинеските власти се посебно посветени на спречување на ширењето на вирусот, бидејќи во тек се Зимските олимписки игри во Пекинг.

    Властите во Пекинг денеска не пријавија нови заразени со коронавирус. Повеќе од 30 учесници на Игрите се во изолација по позитивен тест за k овид-19.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img