More

    Кина не се откажува од карантините за ковид-19. Прогласен е локдаун за шест милиони жители во градот Женгжу

    spot_img

    Кина не се откажува од карантините за ковид-19. Прогласен е локдаун за шест милиони жители во градот Женгжу, каде се наоѓа најголемата фабрика за Ајфон во светот, „Фокскон“. Работниците неодамна протестираа пред фабриката и се судрија со полицијата, а според очевидците имало и тепање на демонстранти. Причината за протестот наводно е тоа што „Фокскон“ им ветил големи плати на работниците кои дошле од разни делови на Кина, но потоа ги известил дека ќе треба да чекаат два месеца за да ги добијат, пишува Би-Би-Си.

     Големите плати биле понудени бидејќи фабриката претходниот месец изгуби многу работници кои едноставно почнале да не одат на работа исплашени поради растечкиот број на случаи со ковид-19 во градот. Потоа, дошле новите работници. Според изјава на еден од вработените, на новите работници им биле сменети дтоговорите за да не можат да ги добијат ветените субвенции, истакнувајќи дека биле ставени во карантин без храна. на производи за „Ејпл” денеска објави соопштение со извинување за настаната „техничка грешка во процесот на исплата“. Компанијата уверува дека платите на новоангажираните работници се соодветни на договореното односно како што било посочено во официјалниот оглас за вработување во компанијата.

     Според немилосрдно спроведената политика „нулта ковид“ на Кина, дури и најмал скок на инфекции доведува до затворање на цели градови и задолжителен карантин за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот. За повеќето луѓе, оваа стратегија предизвикува замор, отпор и незадоволство.

    Дали Кина го направи овој потег за да го сопре протестот на работниците? Земјата го пријави својот најголем досега број нови случаи на ковид-19 во четвртокот со 31.444 нови инфекции. Официјалниот број на загинати во Кина остана низок на нешто повеќе од 5,200 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

    Тоа одговара на бројката од три смртни случаи од ковид во просек на секој милион жители во Кина. Споредено со ова, во САД од корона умираат 3.000 жители на милион луѓе, а во Велика Британија 2.400.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img