More

    Камерниот оркестар Профундис вечерва на „Охридско лето“

    spot_img

    Камерниот оркестар Профундис од Скопје со вилоинистите Анна Кондратенко и Владимир Костов под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ ќе настапи вечерва во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

    Камерниот оркестар Профундис е млад уметнички состав, кој постои три години и чија цел се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри, Националната опера и балет и Националната филхармонија.
    Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригент Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција. Имаат забележителен настап во рамките на фестивалите: „Есенски музички свечености“, „Златна лира“ и „Денови на македонската музика“, како и соработката со реномирани солисти меѓу кои Љубиша Кировски, Марија Ѓошевска, Благој Нацоски, Славица Мицовска, Наде Талевска, Марија Јанчулевска, Стојанче Косовски, како и со концерт-мајсторите на Националната филхармонија Анна Кондратенко и Владимир Костов. Ансамблот соработува и со еден од најистакнатите српски виолинисти- Јован Богосављевиќ со кого се реализираат концерти во Скопје и во Република Србија .

    -Гордост за нив претставува реализацијата на целовечерениот концерт во чест на Арво Перт кој е еден од најистакнатите современи композитори поддржан од Естонската амбасада во Република Северна Македонија. Оркестарот настапил во Италија со мини-турнеја со концерти во Соренто и во Перуџа и соработки со истакнатиот италијански пијанист Маурицио Мастрини, гитаристот Даниеле Ајело и диригентот Паоло Шибиља – изјавија од Профундис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img