More

    Како Рама му одговори на бугарското МНР, по нивната реакција

    spot_img

    Албанскиот премиер Еди Рама реагираше веднаш откако бугарското Министерство за надворешни работи побара од премиерот Еди Рама да зборува на соодветен јазик на политичар на земја кандидат за членство во ЕУ.

    – Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот говор! Многу точно! И јас имам едно прашање, а тоа е како Бугарија ќе ги решава билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји членки на НАТО! Пријатели смирете се: тргнетего ветото или бидете трпеливи со мене! – напииша Рама на Твитер.

    Бугарското министерство за надворешни работи во острата реакцијата на изјавите на премиерот, пред се онаа дека неукинувањето на ветото е срам, истите ги оценува како навредливи, неиспровоцирани и остри.

    – Не е првпат да слушаме остри, провокативни, навредливи квалификации од шеф на влада. Таков низок јазичен регистар повеќе не може да се оправда со природата и немањето европски комуникациски вештини – стои меѓу другото во реакцијата.

    Очекуваме, стои понатаму во реакцијата, албанскиот премиер да ги адаптира своите изразни средства на јазик што му одговара на политичар на земја кандидат за членство во ЕУ.

    – Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не треба да се нарушува со погрешна проценка на политичарот. Неприфатливо е односите меѓу државите да станат заложници на ексцентричноста на актуелниот албански премиер – се посочува во еакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img