More

    И Кајли Џенер и нејзиното момче со два приватни авиони отишле на исто место

    spot_img

    Луѓето на социјалните мрежи ги нападнаа старлетата Кајли Џенер и раперот Тревис Скот откако тие наводно отишле со различни приватни авиони на иста локација и се вратиле на ист начин.

    Налогот на Твитер наречен „Celebrity Jets“, кој ги документира патувањата на приватните авиони на богатите и славните, ги откри сомнително сличните патувања на Кајли Џенер и нејзиното момче и татко на нејзините две деца, раперот Тревис Скот. Во објава на 3 декември, „Celebrity Jets“ ги објави трагите од летот на приватните авиони на славната двојка, на кои се гледа дека Скот полетал само неколку часа по Џенер.

     

    И двата авиони, се чини, полетале од Мајами, Флорида, а нивната дестинација била Ван Најс, Калифорнија, на околу пет часа лет. Според пресметките, секој лет испуштал 25 тони јаглерод диоксид и потрошил повеќе од 6.800 килограми гориво, пишува „Базфид њуз“, поради што славната двојка се најде на удар на бројни критичари.

    „Зарем таа не сфаќа дека ова е истата планета на која треба да живеат нејзините деца? Па, тоа очигледно ги боли за некој друг, но и нивните деца ќе страдаат од глобалното затоплување, иако овие луѓе се незамисливо себични“, напиша еден корисник на Редит.

     

    „Како не се чувствуваат лошо поради планетата?“, „Планетата се гуши“, „Богатството ти дава сигурност. Што и да се случи на овој свет, тие ќе знаат дека се едни од последните што ќе мора да страдаат“, „Малку се шегувам, но верувам дека овие луѓе имаат план за спасување. Дури и ако тоа се бункери“, беа дел од коментарите.

    Ова не е првпат Кајли да биде критикувана поради летовите со приватен авион. Таа беше критикувана ова лето затоа што летала со приватен авион од Камарило, Калифорнија до Ван Најс, исто така во Калифорнија. Летот траеше три минути. Неколку недели потоа одлетала за Милано, каде има фабрика за козметика, а летот траел само 40 минути.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img