More

    Доларот падна во однос на еврото – Инфлацијата во САД се намалува и работите си доаѓаат на место

    spot_img

    На  светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути драстично падна минатата недела, бидејќи инфлацијата во САД се намалува, па се очекува американската централна банка да го намали темпото на зголемување на каматните стапки, анализира хрватски Вечерњи лист.

    Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, падна минатата недела за 1,6 отсто, на 102,20 поени, блиску до најниското ниво од јуни минатата година.

    Истовремено, доларот ослабе за 1,7 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото скокна на 1,0830 долари, недалеку од највисокото ниво во последните девет месеци.

    Курсот на доларот во однос на јапонската валута падна, пак, за 3,2 отсто, на 127,85 јени.

    Вредноста на доларот нагло падна откако во четвртокот беше објавено дека инфлацијата во САД во декември се намали на 6,5 отсто на годишна основа, од 7,1 отсто еден месец порано.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img