More

    Извозот на украинско жито се одвива килаво, Русија најмногу профитира

    spot_img

    Од 22 јули, околу дваесет бродови натоварени со жито ги напуштија украинските пристаништа. На тој ден во Истанбул беше потпишан договор со посредство на ОН, со кој беше прекината повеќемесечната блокада на Црното Море од руски воени бродови и украински морски мини.

    Во првиот месец на светскиот пазар излегоа околу 600.000 тони жито, соопшти Украинската управа на пристаништа. Таму имаат амбициозни планови наскоро да испратат сто бродови месечно од Одеса и други пристаништа.

    Но, патот таму е трнлив. Бидејќи досега само пет бродови стигнаа до регионот на Одеса за да подигнат храна, еден од нив под покровителство на ОН за што поскоро да стигне до Етиопија, каде историските суши оставаат милиони луѓе на работ на глад.

    Останатите бродови кои испловија се оние кои со месеци се заглавени во пристаништата.

    „Потпишувањето на нови транспортни договори се одвива многу невешто. Играчите на пазарот навистина не им веруваат на Русите и мислат дека може да има изненадување“, изјави за Дојче веле (DW) Павло Мартишев од Киевското економско училиште.

    Осигурувањата бараат многу
    На пример, само еден ден по потпишувањето на договорот во Истанбул, руските сили истрелаа ракети врз пристаништето Одеса.

    „Трошоците за транспорт варираат многу, често за само еден ден. Понекогаш има извештаи за руски напади во регионот на Одеса, или на пристаништето во Николаев, понекогаш руски ловци го надлетуваат демилитаризираниот морски коридор кој е наменет за безбедно поминување на бродовите“, вели Мартишев.

    Во претходната анализа, овој економист пресметал дека Украина може да добие дополнителни пет милијарди долари преку извоз на жито. Тие пари дефинитивно добро би ни биле. Но, сега Мартишев не е сигурен дека оптимистичката пресметка ќе се оствари.

    Генадиј Иванов, управителот на логистичката компанија БПГ Шипинг, точно знае што се случува. Неговата компанија веќе десет години ја организира рутата на контејнерски бродови до Јемен зафатен од војна. Тој вели дека и сега му е тешко да ги убеди бродските компании да испратат бродови во неговиот роден град Одеса.

    „Само мал дел од нив постојано работат во потенцијално опасни региони како Западна Африка или Јемен, а мал дел сега се подготвени да заминат во Украина“, вели Иванов.

    За такви патувања, превозниците треба да плаќаат премии за ризик на осигурителните компании. „На крајот, ова значително ги зголемува трошоците во споредба со соседните мирољубиви земји како Романија или Бугарија“, вели тој за ДВ.

    Руското жито го потиснува украинското жито
    Сепак, колку подолго функционира морскиот коридор, толку повеќе компании ќе бидат подготвени да ги стават на располагање бродовите. „Кога беше потпишан договорот за жито, осигурителните компании очекуваа премија од 4-5 отсто од вредноста на стоката за седум дена. Денеска е 1-1,5 отсто, но и тоа е сепак од 200.000 до 270.000 долари по брод неделно“, пресметува Иванов.

    Сопствениците на бродови бараат дополнителни пари за изнајмување на бродот, бидејќи дополнително е задржан најмалку една недела на увид во Истанбул. Услов на руската страна беше турската армија да го прегледа секој брод за да спречи евентуална испорака на оружје за Украина по морски пат.

    „Сето тоа значи дека еден тон товар од украинските пристаништа чини 25 до 35 долари повеќе отколку од романските пристаништа“, вели Иванов.

    Ова, пак, го намалува профитот на извозникот и ги убива набавните цени што ги добива украинскиот селанец. И ова е предност за најголемиот конкурент на пазарот на жито – Русија. Мора да се признае, осигурителните компании бараат дополнителни премии за руските стоки од избувнувањето на војната.

    „Русија очекува рекордна жетва оваа година со 90 милиони тони пченица. Во овие услови руската пченица ќе доминира на светскиот пазар. Русите можат да понудат и попусти, тие веќе ја истуркаа украинската пченица од важните пазари во Турција и Египет“, вели Павло Мартишев.

    Истото важи и за сончогледовото масло. „Од почетокот на војната, многу фабрики во Украина не работат, па наместо масло, се извезува непреработено семе, што носи многу помалку девизи“, објаснува економистот.

    Преполни силоси
    Експертите проценуваат дека во украинските силоси се уште чекаат околу 18 милиони тони жито. Ова ги јаде нервите особено на земјоделецот кој одгледува пченка.

    „Новата реколта пристигнува во септември и октомври. Ако драстично не се забрза извозот, тогаш ќе недостигаат магацини за околу десет милиони тони пченка“, вели Мартишев. Тој бара меѓународна помош и поволни заеми за малите производители за да можат брзо да изградат привремени силоси.

    Кога договорот за жито може да вроди со плод? Хајнц Штрубенхоф, земјоделски експерт кој претходно работел за Светската банка во Украина, е убеден дека само кога западните партнери и помагаат на Украина да ги ограничи барањата на осигурителните компании.

    „Русија има интерес несигурноста и премиите за ризик да останат високи. ЕУ и САД мора да најдат интерес да ја поддржат Украина со трошоци за осигурување и со тоа да го направат нејзиниот извоз конкурентен“, вели Штрубенхоф.

    Ако тоа не се случи, украинските земјоделци би можеле да садат се помалку пченица и пченка, а се повеќе и повеќе маслодајна репка и сончоглед. А тоа, вели овој експерт, на крајот ќе ги поткопа надежите дека украинското жито може да спречи глад во Африка и на други места.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img