More

    Извозот има многу проблеми и без кризата

    spot_img

    Стопанската комора на Северна Македонија со Клубот на извозници при Комората, реализираше работна средба со извозните компании на која беше презентиран тригодишниот проект поддржан од УСАИД, насловен Проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција, со кој ќе се работи на јакнење на извозната конкурентност на компаниите.

    Пред присутните компании на работната средба, претседателот на Клубот на извозници проф. д-р Дарко Лазаров информираше за целите кои треба да се постигнат со тригодишниот проект кој ќе се реализира до јуни 2025 година.

    Целта е подобрување на регионалната и меѓународната деловна соработка на македонските компании со пазарите на Западен Балкан и на ЕУ и зголемување на конкурентноста на извозно ориентираните компании и интеграција во регионалните и во глобалните синџири на вредности.

    – Македонскиот извоз има многу системски проблеми и пред овој кризен период низ кој поминуваме. Македонската економија има неповолната извозна структура, односно најголем број од производите што ги извезуваме како земја се со ниска додадена вредност, што де факто е еден од нашите сериозни недостатоци кој се рефлектира на хроничниот трговски дефицит на земјата – истакна Лазаров.

    Македонскиот извоз е премногу концентриран од аспект на бројот на извозни компании, бројот на извозни производи и бројот на извозни пазари.

    Според анализите на Комората, во земјата има помалку од 3.000 постојани извозни компании што е околу 4% од активните деловни субјекти во националната економија.

    Од аспект на бројот на производи, со вредност поголема од 500.000 евра извезуваме помалку од 500 производи или 10% (од можни повеќе од 5.200 производи кои се предмет на меѓународна трговија) од кои најголем дел се базични метали, примарни земјоделски производи, производи од текстил и облека што ја потврдува констатацијата дека извезуваме производи со низок степен на финализација и ниско ниво на додадена вредност.

    Од аспект на извозните пазари на кои се пласираат македонски производи, извозот во Германија надминува 46% од вкупниот извоз на земјата, додека првите 5 извозни пазари имаат 64% релативно учество во вкупниот извоз, при што, нашата земја извезува со вредност поголема од 1 милион евра во само 58 земји во светот.

    Фокусот на Стопанската комора во следниот период преку овој проект, пред сѐ, ќе биде насочен кон зајакнување на извозните капацитети и на конкурентноста на извозно ориентираните компании со цел искористување на можностите за македонската бизнис-заедница од заедничкиот регионален пазар и интернационализација на македонскиот бизнис-сектор.

    Во рамки на проектот ќе биде креиран инструмент за зајакнување на институционалната соработка со сите чинители во државата кои на некој начин се одговорни или надлежни за прашања поврзани со извозот и конкурентноста. Преку проектот ќе се организираат и 6 конференции, три регионални конференции со земјите од ЗБ и 3 со земји или група на земји од ЕУ, а паралелно ќе бидат организирани Б2Б форуми и средби со цел јакнење на регионалните и меѓународни бизнис релации и врски кои ќе бидат во функција на извозните компании како поддршка во нивните напори за проширување на извозните активности на нови пазари и зголемување на извозните активности на веќе постоечките пазари во регионот и пошироко.

    За остварување на втората цел на проектот која се однесува на јакнење на извозните капацитети на македонските извозни компании, се развиени повеќе групи на активности.

    – Поттикнувањето на овие фундаментални процеси ќе овозможи и забрзување на економскиот раст на земјата, и секако полесно и побезболно пребродување на кризата низ која минуваме – вели претседателот на Клубот на извозници проф. д-р Дарко Лазаров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img