More

    Зошто жените поднесуваат барање за развод почесто од мажите?

    spot_img

    Одлуката да се прекине бракот, или долгата врска е многу тешка и на паровите често им требаат месеци, а понекогаш и години за конечно да признаат дека е готово. Меѓутоа, кога станува збор за иницирање на раскинување, истражувањата покажуваат дека е јасно која е таа што го влече конечниот рез – во западните хетеросексуални врски тоа се жените.

    Иако според статистичките податоци во САД, околу 70 отсто од жените иницираат развод, а кога се во прашање високообразованите жени, таа бројка расте до 90 отсто. Во ОК, жените поднеле барање за развод во 62 отсто од случаите.

    Благодарение на новиот закон во некои земји кој дозволува развод без докажување вина и аргументи, полесниот пристап би можел да ја отвори вратата за уште повеќе жени, пишува Би-Би-Си. Но, зошто жените се оние кои почесто поднесуваат барање за развод?

    Важноста на независноста
    Не треба да се заборави дека во повеќето општества и култури разводот е релативно неодамнешен феномен. На пример, пред 1914 година, разводот бил прилично невообичаен во Британија. Во просек, еден од 450 парови се разведувале во првата деценија на 20 век. Денес, повеќе од 100.000 парови се разведуваат во таа земја секоја година, додека половина во САД.

    „Бидејќи материјалната независност е предуслов за жената да може да излезе од брак, сама или со деца, многу е тешко да се направи ако не заработува сама. Дополнително, како што родовите улоги стануваат покомплексни и жените добиваат финансиска независност, брачните конфликти се почести“, вели Хајди Кар, психолог и експерт за семејно насилство.

    Со други зборови, зголемувањето на вработеноста им овозможи на жените да остават несреќни бракови за прв пат во историјата – тие повеќе не се материјално поврзани со партнери во односите кои се насилни или чии потреби се занемарени. Како резултат на тоа, жените почнаа да поднесуваат барања за развод во поголема мера.

    Ова исто така објаснува зошто академски образованите жени се со поголема веројатност да се одлучат за развод, тие често се материјално побезбедни.

    Емоции и социјални фактори
    Но, материјалната сигурност сама по себе не објаснува целосно зошто жените трошат толку време за иницирање развод и зошто тој процент постојано расте.

    Експертите велат дека жените често, кога стапуваат во брак, имаат многу поголеми очекувања за задоволување на нивните емоционални потреби од мажите, а тоа може да доведе до разочарување. Психологот Гилза Форт-Мартинез вели дека мажите имаат тенденција да имаат пониска емоционална интелигенција од жените, што ги тера жените да се чувствуваат како да ја немаат потребната поддршка и да вршат најголем дел од „емоционалната работа“ во врската.

    Поразвиената емоционална интелигенција, исто така, сугерира дека жените се примарни комуникатори во врската, така што тие се со поголема веројатност да покренат прашање или проблем што на крајот може да доведе до развод. Во исто време, изгледа дека добиваат помалку емотивно од бракот – оженетите мажи живеат подолго и заработуваат повеќе според истражувањата. Жените се преоптоварени и под стрес затоа што тие најмногу го преземаат домаќинството и покрај сопствената работа се грижат и за децата.

    Покрај тоа, жените генерално имаат повеќе пријатели од мажите и на тој начин имаат подобра поддршка за време на транзицијата кон сингл живот. Додадете го на тоа фактот дека жените имаат поголема веројатност да добијат старателство над децата и тие можеби ќе почувствуваат дека ќе изгубат помалку.

    И покрај негативните аспекти на разводот, жените помалку се жалат. Само 27 отсто од нив изјавиле дека жалат што се развеле во споредба со 39 отсто од мажите.

    Осигурување
    Жените кои се разведуваат од партнерот без судски спор се изложени на ризик од финансиска несигурност. Затоа, тие почесто ќе поведуваат судски спор за давање парична помош за децата.

    Во секој случај, разводот е секогаш тежок и сложен. Во некои случаи оваа одлука значи уште една година несреќна врска, додека за некои само практичен потег за финансиско решение.

    Она што е сосема јасно е дека одредени фактори, како што се подобриот материјален статус на жените, нееднаквоста во емоционалните потреби и домашните обврски, придонесуваат за зголемување на стапката на разводи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img