More

    Златната генерација на „црвено-црните“ останува запишана во историјата

    spot_img

    На денешен ден во 1987 година, македонскиот клуб „Вардар“ стана единствен тим од нашата земја кој ја освоил титулата шампион на Југославија, по лигашкиот трофеј од 1961 година. Златната генерација на „црвено-црните“ ќе остане запишана во историјата на македонскиот, но и на југословенскиот фудбал.

    Вардар беше прв на табелата со 15 победи, 8 нерешени и 11 меча со пораз, односно 38 бода од вкупно 34 одиграни натпревари. Победата ја потврди и УЕФА, иако Фудбалскиот сојуз на Југославија излезе со одлука тимот да биде казнет со  -6 бодови поради наводно местење на натпревари во претходната сезона. Но, одлуката беше оспорена и падна на суд.

    Вардар беше првак. Панчев беше најдобар стрелец со 18 гола во сезоната. Тимот го предводеше тренерот Андон Дончевски. Златната вардарова генерација ја сочинуваа Тони Савевски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Васил Рингов, Вујадин Станојковиќ, Љупчо Марковски, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, голманот Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Тони Атанасовски и Јовко Бизимовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img