More

    Земјоделците бараат откуп и за државните резерви

    spot_img

    Земјоделците сметаат дека интервентните мерки ќе го ублажат ударот од кризата врз производството, но од Владата бараат и дополнителна помош – да има откуп за државните стоковни резерви.

    Тие денеска, пред почетокот на редовна седница на Годишното собрание на Националната федерација на фармери (НФФ), укажаа дека цената ќе биде клучен фактор од кој ќе зависи дали земјава ќе има пченица догодина.

    Според земјоделците, трошоците за производство секојдневно растат, енормно се високи цените на нафтата, заштитните средства и вештачките ѓубрива, а дополнителен проблем е и пласманот зашто, поради руско-укрианскиот конфликт, се затворија дел од постојните, традиционални пазари.

    – Имавме неколку состаноци во Министерството за земјодлество за жетвата на пченицата. Донесени се интервенти мерки, а колку ќе бидат успешни ќе видиме по жетвата. Но, како земјоделци и Федерација бараме да има откуп и за државните стокови резерви, да реагира Владата и во тоа, за да ни се помогне. Цената на киолограм пченица, од првото орање до носење во млин, е 22 – 23 денари. Значи, ако не добиеме добра цена, следната година ќе нема производство на пченица – изјави Мемед Синани, производител на пченица и член на Управниот одбор на НФФ.

    Претседателката на Федерацијата, Васка Мојсовска укажа дека земјоделците посебно стравуваат како ќе оди продажбата на јаболка и на трпезно грозје, производи кои досега, во најголем дел, се пласираа на рускиот и украинскиот пазар.

    – Како земјоделци сме соочени со многу проблеми. Се надеваме дека заеднички со државата ќе најдеме начин да го задржиме производството зашто храната е најпотребна и тоа се покажа во овие кризни години. Исплашени сме како ќе се одвива ситуацијата на глобално ниво. Треба да наоѓаме нови пазари зашто дел од постојните се затворија, а тука се и климатските промени кои прават големи проблеми. Енормни се производните трошоци, со покачувањето на нафтените деривати се покачија и ѓубривата, заштитните средства и работната рака. Дополнително, недостигаат сезонски работници – проблем што допрва ќе се почувствува за време на бербата. Со зголемувањето на трошоците, се зголемува и цената на сезонските работници – истакна Мојсовска.

    Таа се надева дека интервентните мерки ќе имаат ефект.

    – Мерките од Интервентниот фонд се донесени пред краток период, ќе треба да се применуваат сега. Се надевам дека ќе имаат ефект. Секако, потребни се уште повеќе мерки и поддршки, но сега е најбитно да се посеат сите површини. Жално е што немаме доволно пченица и што сме зависни од увоз. Но, се надеваме дека конечно ќе сфатиме колку е битна храната и дека ќе се движиме во тој правец, да го зголемиме производството на пченица, брашно, зејтин,… Треба само координирано да делуваме и со дебати и слушање на сите страни да се изнајдат заеднички решенија – подвлече претседателката на НФФ.

    Мојсовска порача дека земјава треба да има визија за земјоделството во следните 20 – 30, години и да ги задржи младите на село.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img