More

    Зеленски се заблагодари за кандидатскиот статус

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа преку видео линк пред  Европскиот совет одржа краток говор по повод историската одлука со која на Украина и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ.

    -Една од најважните одлуки за Украина во сите триесет години од независноста на нашата земја. Сепак, оваа одлука не е само за Украина – рече украинскиот претседател.

    – Ова е најголемиот чекор во зајакнувањето на Европа што може да се направи токму сега, токму во наше време, и токму во такви услови, кога руската војна ја испитува нашата способност да ја зачуваме слободата и единството. Благодарение на самитот на сите европски лидери – додаде Зеленски.

    -Благодарност до нашите херои, до сите оние кои со оружје во рацете ја бранат независноста на Украина и слободата на Европа. Ви благодарам! Ви благодариме што ја направивте новата историја на Европа уште посилна, уште послободна. Слава на Украина – рече Зеленски во обраќањето до лидерите од Советот на ЕУ во Брисел, на кој неговата земја се стекна со статус кандидат за членство во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img