More

    Зеленски бара ракети и авиони заедно со тенковите

    spot_img

    Низ цела Украина утрово е прогласена воздушна тревога, а во некои региони е исклучена струјата поради страв од напади.

    Во текот на ноќта над Киев беа соборени 15 дронови, соопштија градските воени власти.

    Украинската армија додаде дека Русите ноќеска извршиле неуспешен напад со дронови врз главниот град на Украина.

    Како што пишува Киев пост, Украинците тврдат дека биле соборени 24 ирански дронови, односно сите кои Русите ноќеска ги лансирале.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги поздрави одлуките на САД и Германија да испорачаат борбени тенкови на неговата земја.

    – Благодарен сум на сите наши сојузници за нивната подготвеност да ни обезбедат модерни и многу потребни тенкови. Сега се формира тенковска тупаница. Тупаница на слобода чии удари нема да дозволат тиранијата повторно да застане – рече Зеленски.

    Тој додаде дека е потребен напредок и за други воени прашања. Пред сè, на неговата земја сега ѝ требаат ракети со долг дострел, борбени авиони и повеќе артилерија.

    Белата куќа синоќа соопшти дека може да бидат потребни многу месеци за моќните американски тенкови што претседателот Џо Бајден одлучи да ги испрати во Украина да стигнат до нивната дестинација.

    – Како што ќе се подобруваат временските услови, може да се очекува дека Русите ќе го зајакнат темпото на офанзивата. Мораме да бидеме подготвени за тоа. И знам дека Украинците чувствуваат дека мора да бидат подготвени за тоа – изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

    И Норвешка синоќа потврди дека ќе испрати тенкови „Леопард 2″ во Украина.

    Норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам, рече дека неговата земја ќе испрати тенкови, но не го прецизираше бројот.

    Словачка пак најави дека не е подготвена да ги предаде своите тенкови „Леопард” на Киев бидејќи тие ги заменуваат борбените возила што веќе се испратени во Украина.

    – Договорот со Германија дека ветените Леопард 2А4 ќе бидат испорачани во Словачка сè уште важи – изјави словачкиот министер за одбрана Јарослав Наѓ.

    Според договорот, еден тенк Леопард ѝ беше предаден на Словачка во декември од тогашната министерка за одбрана Кристин Ламбрехт, а уште 14 треба да бидат испорачани до крајот на 2023 година.

    Тие се дел од системот за размена на опрема управуван од германската влада за да обезбеди оружје индиректно на Украина преку сојузниците, познат како кружна размена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img