More

    За да ги намалите сметките за струја избегнете ги трите големи грешки кои ги прават сите

    spot_img

    Есента го покажа своето вистинско лице, па изминативе недели беше невозможно да се остане во куќа или стан без греење, а наскоро доаѓаат уште постудени денови.

    Наскоро печките ќе мора да „работат“ со полна пареа. Па доколку се греете на струја и термо печка, кога ќе стигнат сметките нема да ви биде лесно.

    Сепак, постојат начини да се намалат трошоците. Повеќето од нас прават навидум мали грешки, кои прават голема разлика на крајот од пресметката…

    Дали може да го загрее целиот дом?

    Прво што треба да знаете е дека термо печката треба да биде под прозорецот или до најстудениот ѕид, а оддалечен 20 см од нив.

    Друго важно правило е да не се блокира изворот на топлина, што значи дека просторот пред неа не смее да биде затворен. И никогаш не чувајте чинии или други незапаливи предмети на термо печката, го намалувате ширењето на топлина и затоа ќе мора да работи подолго за да ги загрее просториите.

    За термо печката да биде навистина економичена, потребно е да се наполни со топлинска енергија, односно грејните тела да работат само кога има евтина струја. Доколку сакате да го искористите целосениот потенцијал и да не ја надминете потрошувачката, важно е термо печката да не е премногу мала за просторијата што ја грее. Во спротивно, за да ја достигнете саканата температура, ќе мора често да го вклучувате ослободувањето на топол воздух и на тој начин акумулираната топлинска енергија брзо ќе се троши, па ќе треба да се дополни во време кога струјата е прилично скапа. И тоа е една од најчестите грешки што ги прават повеќето луѓе.

    Друга грешка е тоа што не користите тајмер. За термо печката секогаш да работи кога има евтина струја, најдобро е да набавите специјални тајмери ​​кои можат автоматски да се вклучуваат, за да не чекате полноќ или ако сте нетрпеливи, да ја вклучите печката порано, а со тоа се троши скапа струја.

    Друга голема грешка е исклучувањето на термо печката кога не сте дома, затоа што ќе потроши многу повеќе за да се загрее кога ќе се вратите, отколку да одржува млака температура цело време. Затоа поставете го термостатот на 15-16 степени кога не сте дома. Оваа кутија за мерење температура не ја поставувајте на надворешни ѕидови, а најдобро е таа да е на висина од 1,5 m.

    А кога сте дома, оптимално е да ја одржувате температурата на 22 степени. Ако ја зголемите за само еден степен, ќе ја зголемите и потрошувачката на струја за цели 6 отсто, а тоа многумина не го знаат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img