Во Барселона почнува прелиминарното рочиште против пејачката Шакира за шест кривични дела против даночно затајување, наводно извршени во периодот од 2012 до 2014 година.
Во јули пејачката го одби договорот, а обвинителството во Барселона бара осум години и два месеци затвор и парична казна од 23,8 милиони евра за измама од 14,5 милиони евра, преправајќи се дека не е во Шпанија, пишува шпанската државна телевизија ТВЕ.
Шакира веќе вратила 14,5 милиони евра и уште три милиони камата.