More

    Започна собраниската седница за пратенички прашања, ама зјаат празни столчиња

    spot_img

    Со задоцнување од половина час почна собраниската седница посветена на поставување пратенички прашања, на која вкупно десет пратеници се пријавени за збор.

    На почетокот од седницата координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски со процедурална забелешка реагира дека на седницата голем дел од претставниците на Владата не се присутни.

    – Моето прашање е каде е половина Влада? Седницата почнува со 35 минути задоцнување, бидејќи претставниците од Владата не беа тука. Добро е пред почеток на седница да се преброите. Не знам дали ваквиот однос кој го имате кон граѓаните ќе сакате да го пресликате и пред пратениците – рече Мицевски обвинувајќи го потпретседателот на Собранието Горан Мисовски дека нема храброст да му каже на премиерот да ги повика сите претставници од Влада.

    Мисовски, пак, рече дека ќе ја продолжи седницата и по 18 часот, поради објективно доцнење и рече оти е единствениот што претседавал со седница и кој на премиерот му го одзел зборот.

    – Претседателот на Владата има должност, деловничка обврска е на сите претставници на Владата да бидат присутни на седница. Најголем дел од претставниците се тука. Деловникот дозволува премиерот да даде одговор доколку некој претставник од Владата не е присутен – рече Мисовски.

    Пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците реагираше дека не е коректно одговори на пратенички прашања од минатиот месец да добиваат на денот на седницата. Тој посочи дека нема да се произнесе по одговорите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img