More

    Запалено е знамето на Европскта Унија на протест пред Владата

    spot_img

    Запалено е знамето на Европскта Унија на протест пред Владата, вчера попладне, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

    Полицијата соопшти дека вчера на ненајавен јавен собир, кој се одржал во периодот од 19.00 часот до 22.10 часот на подрачјето на СВР Скопје констатирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир.
    „Околу 16.50 часот, пред  Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. Околу 19.35 часот дел од учесниците на протестот го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање на разни предмети и пиротехнички средства кон објектот на Владата, а дел од нив ја оштетиле и уништиле заштитната ограда. Околу 20.30 часот дел од учесниците на протестот се упатиле кон зградата на Собранието на РСМ каде фрлале со тврди предмети кон зградата на Собранието и кон полицискиот кордон, при што биле повредени четири полициски службеници кои биле пренесени во Градската општа болница Св. Наум Охридски за укажување на лекарска помош“, соопшти полицијата.

    Оттаму додаваат дека ноќеска околу 00.20 часот е забележано оштетување на еден прозорец од објектот на Владата. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img