More

    Заклучени патници во коридорот на аеродромот во Лондон, го пропуштиле летот за Загреб

    spot_img

    Неколку патници на „Рајанер“ го пропуштија својот лет минатата недела откако беа затворени во коридор без прозорци на аеродромот.

    Летот од лондонски Станстед до Загреб полетал без 23 патници откако двете страни од патеката биле заклучени, при што патниците биле заробени внатре, јавува N1 Загреб.

    Портпаролот на Ryanair за британскиот Insider изјавил дека имало „човечка грешка“ поради која патниците не можеле „да излезат од вратата“ и за жал го пропуштиле летот.

    Девина Равал, една од патниците која рече дека е заробена во ходникот, изјави за MyLondon дека се чувствува како да ја „држат како заложник“.

    Луѓето удираа по ѕидовите и повикуваа на помош, истакна таа.

    „Децата плачеа и целото место стана навистина клаустрофобично. Се плашам да помислам што би се случило ако некој има срцев удар или нешто слично“.

    По околу половина час, еден од патниците го вклучил алармот за пожар, предупредувајќи член на персоналот кој ги прашал што прават во ходникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img