More

    Жителите на Велика Британија беа изненадени од светол метеор на небото

    spot_img

    Обидот да се стави првиот европски сателит во орбитата беше обележан и со светол метеор во ОК. Тој осветли на небото во Лондон речиси истовремено со полетувањето на специјален авион кој во орбитата носеше ракета со девет сателити.

    Синоќа од лондонскиот аеродром Њукеј полета специјален авион наречен Cosmic Girl, кој го носеше вселенското летало LauncherOne долго 21 метар со девет сателити. Лансирањето на ракетата не успеа поради непредвидени дефекти, но тоа е првото такво вселенско летало како дел од британската мисија „Start Me Up“. Со него, Обединетото Кралство сака да стане првата европска земја која испрати сателит во вселената.

    Првиот обид на вселенската програма на островот, сепак, симболично се совпадна со метеор кој го осветли овој дел од југоисточен Лондон само два часа пред полетувањето на Cosmic Girl. Метеорот беше фатен на камера и од многу Британци кои беа импресионирани од небесниот феномен.

    Појавата на метеорот ја потврди и британската национална метеоролошка служба, кој го премина небото околу осум часот навечер по локално време.

    Метеорите се делови од вселенски карпи кои со голема брзина летаат во атмосферата на Земјата и изгоруваат.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img