More

    Жешко до крајот на неделата, треба да се внимава и да се преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето

    spot_img

    Периодот на многу топло време продлжува до крајот на неделава. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

    Според прогнозата на УХМР, минималаните утрински температури ќе бидат во интервал од 12 до 22 степена, а масималните дневни од 30 до 38. УВ индексот ќе достигне вредност 9.

    Поради високите температури што деновиве ја зафатија државата, Министерството за здравство објави препораки за заштита. На граѓаните им се советува да престојуваат повеќе во затворени простории, да се носи светла и лесна облека, да се внесуваат големи количества течности и при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

    Треба да се внимава и да се преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени, а хронично болните лица  редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img