More

    Еурофарм Пелистер вечерва во Охрид го победи Вардар со 23:22 (полувреме 12:12) и го одбрани трофејот во ракометниот Суперкуп

    spot_img

    Еурофарм Пелистер вечерва во Охрид го победи Вардар со 23:22 (полувреме 12:12) и го одбрани трофејот во ракометниот Суперкуп.

    На дуелот одигран во „Билјанини извори“ битолчани беа поснаодливи во финишот и со серија од 3:0 во последните три минути стигнаа до победата. Вардар пропушти напад за израмнување, односно шутот на Филип Талески го одбрани голмнаот на „зелено-белите“ Марко Кизиќ.

    За Еурофарм Пелистер ова е втор трофеј од почетокот на сезоната. Во август тие победија на Меѓународниот турнир во Струга.

    Најефикасен во победничката екипа беше Усама Хосни со седум гола, а во редовите на „црвено-црните“ се истакна Талески со 10 погодоци.

    Трофејот на победничката екипа го додели Филип Милошевски – генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img