More

    Елисејската палата соопшти дека Макрон и Путин се договориле да ги рестартираат активностите „во нормандискиот формат“ врз основа на размена на мислења и украински предлози во последните денови.

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го привлече вниманието на францускиот лидер Емануел Макрон на фактот дека украинските „провокации“ придонесуваат за пожестоки борби со сепаратистите во источна Украина, но рече дека сака да ги „интензивира“ дипломатските напори за решавање на конфликтот.

    Во телефонскиот разговор со францускиот колега, Путин побара од НАТО и САД „сериозно да ги сфатат“ барањата на Русија за нејзината безбедност, во услови на актуелната криза меѓу Москва и Западот, соопшти Кремљ.

    „Изразивме сериозна загриженост за наглото влошување на ситуацијата на линијата за контакт во Донбас“, се вели во соопштението на Кремљ, во кое се додава дека Путин „укажал дека изворот на ескалацијата се провокациите на украинските сили“.

    Рускиот претседател смета и дека западната испорака на модерно оружје и муниција на украинските воени сили „Киев притиска кон воено решение“ кога е во прашање конфликтот со проруските сепаратисти, кој трае од 2014 година.

    „Официјален Киев само глуми дека преговара и тврдоглаво одбива да ги спроведе договорите од Минск“ потпишани во 2015 година, кои треба да придонесат за решавање на конфликтот, рече рускиот претседател.

    „Со оглед на итноста на ситуацијата, двајцата претседатели ја препознаа потребата од интензивирање на потрагата по решенија преку дипломатија“, со цел „да се олесни обновувањето на прекинот на огнот и да се гарантира напредок во решавањето на конфликтот“, се вели во соопштението на Кремљ.

    Елисејската палата соопшти дека Макрон и Путин се договориле да ги рестартираат активностите „во нормандискиот формат“ врз основа на размена на мислења и украински предлози во последните денови.

    Во наредните денови се очекува дополнително интензивирање на дипломатијата, па наскоро ќе зборуваат шефовите на дипломатиите на двете земји.

    Путин му ја повторил на Макрон својата „намера да ги повлече војниците“ од Белорусија „на крајот на тековните вежби“.

    Белорусија, пак, објави дека руските војници, кои се на нејзина територија од 10 февруари поради воените маневри, кои треба да завршат во недела, ќе останат таму поради други слични вежби.

    „Сето ова ќе мора да го провериме, можеби ќе потрае некое време“, соопшти француското претседателство, истакнувајќи дека изјавите на белоруските власти „не се совпаѓаат со зборовите на претседателот Путин“.

    Францускиот и рускиот лидер не се согласија околу тоа кој е одговорен за тензиите во источна Украина, изјави француски претставник. Макрон ги обвинува руските сепаратисти, а Путин ја обвинува Украина.

    Владимир Путин „ја повтори потребата САД и НАТО сериозно да ги сфатат руските барања за безбедносни гаранции и да одговорат на нив на конкретен и смислен начин“.

    Русија, која Западот ја обвинува дека собрала 150.000 војници на границите на Украина со цел да ја нападне земјата, бара ветување дека Киев никогаш нема да се приклучи на НАТО, како и крај на военото засилување на Алијансата на нејзините граници.

    Западот ги отфрли тие барања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img