More

    Економската активност во еврозоната падна во јули

    spot_img

    Активноста во економијата на еврозоната се намали во јули, како одраз на падот на производството и стагнацијата во услужниот сектор, бидејќи личните трошоци се намалија под притисок на високата инфлација, покажа истражувањето на S&P Global во петокот.

    Индексот на менаџери за набавка (PMI) во приватниот сектор на еврозоната падна во јули за 2,6 поени во однос на јуни, лизгајќи се на 49,4 поени, откри S&P Global.

    Вредностите пониски од 50 поени сигнализираат пад на активноста.

    „Се чини дека економијата на еврозоната ќе се намали во третиот квартал бидејќи деловната активност се намали во јули и показателите за трендот укажуваат на влошување во наредните месеци“, рече бизнис економистот на S&P Global, Крис Вилијамсон.

    „Исклучувајќи ги месеците на пандемијата, падот во јули е првиот сигнал на PMI од јуни 2013 година дека економијата се намалува, со квартална стапка од 0,1 отсто“, додаде Вилијамсон.

    Активноста во услужниот сектор речиси стагнира, според индексот падна на 50,6 поени, најниско ниво во последните петнаесет месеци.

    Поради растот на трошоците за живот, граѓаните трошат само за основни услуги, па така индексот на нови нарачки во услужниот сектор падна на 48,4 поени, што е најниско ниво од февруари минатата година, што претставува пад на побарувачката.

    Активноста во индустријата падна за прв пат по повеќе од две години, при што менаџерите укажаа на невидено трупање залихи поради послабата продажба.

    „Производството веројатно ќе мора да се намали поради прилагодувањето на компаниите кон послабата побарувачка, шпекулира Вилијамсон.

    Менаџерите се песимисти во своите проценки за следните 12 месеци, покажа истражувањето.

    „Очекувањата на бизнисот за следните 12 месеци паднаа на нивоа што ретко се гледаа во изминатата деценија, поради зголемените стравови за економските изгледи, делумно поттикнати од загриженоста за снабдувањето со енергија и инфлацијата“, рече Вилијамсон.

    Дополнителна причина за страв е и заострувањето на условите за финансирање, додаде економистот на S&P Global.

    Европската централна банка, од друга страна, ги зголеми каматните стапки за да ја ограничи инфлацијата, и покрај слабеењето на побарувачката, што во нормални околности би било поттик за олабавување на монетарната политика, а повисоките трошоци за задолжување нужно ќе ја зголемат опасноста од рецесија, нагласува Вилијамсон. .

    Трошка надеж му влева само континуираното значително забавување на растот на продажбата и цените на суровините, што треба да резултира со помала инфлација, забележува тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img