More

    Една реченица привлече посебно внимание

    spot_img

    Песната „In Corpore Sano“ со којашто Констракта ќе ја претставува Србија на 66-то издание за Песна на Евровизија, се наоѓа меѓу петте номинирани песни за најдобар текст на овогодишниот натпревар, по избор на „Eurostory.nl“.

    Освен текстот на песната „In Corpore Sano“ номинирани се и песните од Австралија, Велика Британија, Италија, Украина и Швајцарија.

    Добитникот на наградата заедно ќе го одлучи жирито и публиката која може да гласа на порталот „Eurostory.nl“.
    Жирито оценило дека првата реченица од песната – „Која ли е тајна здраве косе Меган Маркл“, е меѓу оние кои најмногу се паметат во историјата на фестивалот „Песна на Евровизија“, пишува РТС. Додаваат и дека слезината никогаш не е споменета на евровизискиот натпревар, а наведуваат и дека остатокот од текстот е „мошне бизарен“, но и „кохерентен“.

    „Текстот се гради според аргументацијата која се однесува на невозможните стандарди за убавина и здравје кои се поставени за јавните личности“, навело жирито.

    Наградата за најдобар текст се доделува од 2016 година, а меѓу добитниците, меѓу другите, се наоѓаат и Џамала, победничката од Украина во 2016 година, како и минатогодишните победници, групата „Манескин“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img