More

    Европскиот извештај поставува услови за напредокот на земјата

    spot_img

    Изменетиот текст на извештајот на Европскиот парламент за Србија, до кој има пристап РТС, бара од Белград да воведе санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина и јасно да утврди дали таа е на европскиот пат. Европратениците се за отворање нови преговарачки поглавја само кога Србија ќе се усогласи со надворешната политика на ЕУ и ќе воведе санкции кон Русија, јавува Н1.

    Покрај познатите услови поврзани со владеењето на правото и нормализацијата на односите со Приштина, во извештајот се нагласува дека почитувањето на надворешната политика на ЕУ, вклучително и санкциите против Русија, ќе го одреди понатамошниот тек на пристапните преговори.

    Текстот од 40 договорени амандмани, за кои се договорија водечките политички групи, особено ја нагласува потребата од усогласување на Србија со ставот на ЕУ за војната во Украина, областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и медиумските слободи.

    Европскиот парламент наведува дека го поддржува членството на Србија во ЕУ, додавајќи дека тоа зависи од политичката волја на српските власти и подготвеноста за „неповратни реформи, пред се во владеењето на правото“.

    Во големиот број амандмани за односите со Русија, кои значително го проширија првичниот текст на известувачот Владимир Билчиќ, европратениците повикаа на „итни санкции“, изразувајќи загриженост дека Србија е „меѓу ретките европски земји што не се придржуваа кон ставот на ЕУ“ и дека е на последното место во регионот во однос на усогласеноста.

    „Ние се залагаме да се отворат нови преговарачки поглавја само кога Србија ќе ги преземе неопходните мерки во тој поглед, вклучително и областа на владеењето на правото“, се вели во извештајот.

    Парламентот „жали за континуираните летови меѓу Белград и Москва“ во време кога воздушниот простор на ЕУ е затворен за летови од Русија и ја повикува Србија „да размисли за својата економска соработка со Русија“.

    Европскиот парламент ја повикува Србија да ја прекине воената соработка со Русија, вклучително и проекти како Рускиот хуманитарен центар во Ниш.

    Пратениците се загрижени и за воената соработка на Србија со Русија, Белорусија и Кина и купувањето на воена опрема од тие земји, што според нив остава „70 отсто од вкупната набавка на опрема“ во Србија, како и информациите за прислушување на руските опозициски лидери во Белград.

    Изменетиот текст на извештајот за Србија го критикува „ширењето дезинформации за руската агресија врз Украина, вклучително и преку медиумите блиски до владата“ и ги повикува српските власти да преземат „одлучни чекори во борбата против најприсутните лажни вести “.

    Еден од прифатените амандмани оценува дека има „несразмерна видливост на трети земји“, додека дел од медиумите се „главниот извор на анти-ЕУ и проруските наративи во Србија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img