More

    До крајот на годината останува за неа да се плаќа ДДВ од 5 отсто

    spot_img

    Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија до крајот на годината ќе остане 5 отсто, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

    Засега, нагласи Битиќи, не може да се каже колкаво ќе биде евентуалното поскапување на струјата. Сѐуште се прават калкулациите за менување на тарифникот кој, како што напомена вицепремиерот, ќе биде праведен и правичен, според потрошувачката.

    Со новиот модел на тарифирање, дециден е Битиќи, најранливите категории граѓани ќе бидат заштитени. За стопанството, пак, со ребалансот на Буџетот се предвидени 67 милиони евра поддршка.

    – Во овој момент се прават сите калкулации на менување на тарифникот и тарифата на дефинирање на цената на електричната енергија. Секако, најранливите категории граѓани ќе бидат заштитени со новиот модел на тарифирање. Тие што се најранливи, ќе плаќаат најмалку – тоа нема да значи можеби зголемување, туку намалување на тарифата за најпогодените. Наскоро ќе го видиме моделот. Ќе се направи праведно и правично тарифирање на електирчната енергија, според потрошувачката. Ние сме кажале и стоиме на тоа дека не може и тие кои се на регулиран пазар, а се големи потрошувачи да плаќаат иста, субвенционирана цена како секој друг граѓанин – рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.

    Тој објасни дека сѐ уште се прават финалните калкулации дали потребата на ЕВН ќе ја обезбеди ЕСМ, дали домашните капацитети за производство се доволни да ја испорачаат енергијата и дали ќе има потреба од увоз. Според законот, потсети Битиќи, ЕСМ треба да обезбеди 60 отсто од потребите на ЕВН.

    – ЕСМ го има планот за производство, но не знаеме колкави се побарувањата на ЕВН. ЕВН треба да дојде со проекција, да се стават сите параметри на маса за да може да се одреди колкава е потребата за интервенција – подвлече вицепремиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img