More

    Домот на културата во Кисела Вода ќе го носи нејзиното име

    spot_img

    На Домот на културата во општина Кисела Вода е поставена нова табла и во иднина тој ќе го носи името на актерката и поранешен градоначалник на општината, Билјана Беличанец.

    Веста на својот фејсбук профил ја објави актерот Рубенс Муратовски. „Општина Кисела Вода, градоначалник, ми го стопливте срцето“, напиша Муратовски на Фејсбук.

    Билјана Беличанец е македонска театарска, телевизиска и филска глумица. Во својата кариера имаше реализирани бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и во други инстутуции и проекти. На градоначалничката позиција во општина Кисела Вода беше во периодот од 2013 до 2017 година.

    Две години по завршување на мандатот, во 2019 година беше пронајдена почината во својот стан. Според информацијата на полицијата, стануваше збор за самоубиство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img