More

    Добиле негативни резултати, а биле заразени

    spot_img

    Англиската владина агенција одговорна за справување со итни случаи во јавното здравство соопшти дека грешка во лабораторија за тестирање предизвикала десетици илјади лица, кои биле позитивни на коронавирусот, да добијат погрешни резултати од тестот и да им се каже дека се негативни, што веројатно довело до смрт на дури 20 лица.

    Велика Британија има една од најголемите бројки на жртви на коронавирусот во светот – со повеќе од 177.000 сметни случаи од од почетокот на пандемијата во 2020 година.

    Многу експерти изјавија дека програмата за следење контакти е далеку под светскиот систем, што го вети владата.

    Истрагата на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство покажа дека лабораторијата „Именса” во централна Англија, меѓу 2 септември и 12 октомври минатата година, погрешно пријавила околу 39.000 тестови како негативни, во ситуација кога тие биле позитивни.

    Причината за грешките е неправилното поставување на нивото на прагот за пријавување позитивни и негативни резултати од примероците на ПЦР за Ковид-19, се наведува во извештајот на Агенцијата по завршувањето на истрагата.

    Како резултат на тоа, многумина продолжиле со секојдневниот живот и не се самоизолирале, иако имале Ковид-19.

    Агенцијата соопшти дека грешките можеле да резултираат со до 55.000 дополнителни инфекции во областит каде што биле пријавени лажни негативни.

    Клиниката „Именса”, приватна компанија што ја води лабораторијата, е основана во мај 2020 година и доби договори во вредност од 203,63 милиони американски долари за обработка на резултати од ПЦР тестови.

    – Во оваа истрага внимателно ги разгледавме аранжманите за надзор на договорите на приватните лаборатории што во тој период ги вршеа итните тестирања, изјави Ричард Глив, директор на Агенциујата и главен истражувач.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img