More

    Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми доби кривична пријава од Јавното обвинителство

    spot_img

    Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми доби кривична пријава од Јавното обвинителство.

    Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на службата се трите дела поради кои директорот Муареми добил кривична пријава од Основното јавно обвинителство, јави порталот Нетпрес кој ја објави кривичната пријава.

    Претходно Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по пријава од група граѓани изврши претрес во Управата за финансиска полиција. По претресот Управата поднесе претставка до јавниот обвинител затоа што наредбата не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена.

    Според Управата, со наведените дејства била нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img