More

    Дипломатот се враќа каде што ја почнал кариерата

    spot_img

    Некогашниот американски амбасадор во Македонија, Кристофер Хил, ќе биде нов амбасадор во Србија, потврди Американскиот Сенат.

    Веста е објавена е на твитер-профилот на демократското мнозинство во Сенатот.

    Кристофер Хил ќе го замени Ентони Годфри, кој е во Белград од ноември 2019 година, како амбасадор на САД.

    На 14 октомври минатата година американскиот претседател Џо Бајден го номинира Хил за нов американски амбасадор во Србија.

    Хил важи за добар познавач на регионот. Тој беше специјален претставник на САД за Косово и одигра клучна улога во преговорите што доведоа до конференцијата во Рамбује во 1999 година. Освен во Белград, Хил служеше и во Скопје (во периодот од 1996 до 1999 година) и во Тирана. Но, работел како амбасадор и во Јужна Кореја, Ирак и Полска.

    На 14 декември минатата година, Хил изјави пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, за време на дебатата за неговата номинација, дека е загрижен што Белград се свртува кон Русија за одредени набавки за армијата, а кон Кина кога станува збор за задоволување на инфраструктурните потреби, пренесува РТС.

    Во текот на дебатата, дипломатот посочи дека САД и европските партнери го поддржуваат развојот на Србија како модерна, просперитетна земја која е во мир со соседите.

    Хил ја почнал дипломатската кариера во Белград, учествувал во процесот кој кулминирал со Дејтонскиот договор и се вратил во регионот како амбасадор во Македонија и презел дополнителни обврски како специјален пратеник за Косово од 1998 година до 1999 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img