More

    Детали од автобиографијата на принцот Хари

    spot_img

    Принцот Хари ги обвини Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон дека го охрабриле да се појавиле во нацистичка униформа на маскенбал во 2005 година, кога имал само 20 години.

    Војводата од Сасекс во своите мемоари тврди дека се двоумел меѓу нацистичките и пилотските униформи за настанот, кој бил на тема „Домородец и колонија“. Побарал брат му Вилијам и снаата Кејт да му помогнат да одлучи што е посоодветно за темата.

    „Им заѕвонив на Вили и Кејт и ги прашав што мислат. Ми рекоа да облечам нацистичка униформа. Двајцата урлаа од смеа“, напишал Хари во мемоариоте.

    Нацистичката униформа предизвика огромен скандал во 2005 година, кога Хари имаше 20 години. Приказната за „нацистичкиот принц“ го обиколи светот.

    Сепак, како што пишува „Дејли мејл“, Хари на настанот пристигнал со Вилијам, кој наводно носел трико леотард на маскенбалот. Еден од гостите потврдил за спомнатиот весник дека костимите биле шега, но многу непримерна шега и дека Хари поминал многу полошо, бидејќи никој не го фотографирал скандалозниот костум на Вилијам.

    Хари се извини по објавувањето на фотографијата.

    „Жал ми е ако навредив некого. Ова беше погрешен избор на костумот. Се извинувам“, рекол тогаш принцот Хари.

    Во средата навечер, „Гардијан“ објави дека во своите мемоари принцот Хари опишал и физичка пресметка со својот брат поради неговата сопруга Меган Маркл.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img